Почетна МакедонијаСтојанче Ангелов: На денешен ден, 1991-та, со моето пенкало дадов мал придонес Македонија да стане независна држава

Стојанче Ангелов: На денешен ден, 1991-та, со моето пенкало дадов мал придонес Македонија да стане независна држава

од nenad
1 минути читај за




Десет години подоцна, во 2001-та, со едно друго, малку поголемо пенкало (види слика), дадов крв и парче месо од моето тело за Македонија да остане цела. Добро, не баш цела но барем во тогашните граници.Последниве години од пенкала се префрлив на хеликоптери и авиони а понекогаш и зелена бушава гранка. Повторно ја пазам Македонија, овојпат да не изгори цела. Одвреме навреме се борам со оштетени мостови, поплави и надојдени води а од планините спасувам и по некој повреден човек. Нека ни е честит 8 Септември, денот на независноста на Македонија!