Почетна Убавина и здравјеЗакопчана до грло, никогаш не изгледала помоќно! – Убавина и здравје

Закопчана до грло, никогаш не изгледала помоќно! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Со својот стајлинг Адријана испраќа порака дека жената може да изгледа совршено, моќно и модерно и кога е закопчана до грло

Бразилската супермоделка и извршна продуцентка Адријана Лима заблескала на светската премиера на филмот The Thicket, која се одржала во Лос Анџелес. Оваа атрактивна убавица, која самоуверено чекореше на модните писти и позираше за насловни страници на магазини, сега ја покажала сета своја елеганција и стил на црвениот килим, каде што се појавила во друштво на својот сакан партнер и децата.

Нејзиниот партнер Андре Лемерс совршено го надополнил нејзиниот гламурозен изглед. Тие се појавиле како складна двојка, па така им го привлекле вниманието на присутните и медиумите. Нивната блискост и љубов биле очигледни, додека заедно шетале на црвениот килим. Лима, која со години е синоним за беспрекорна убавина и безгрешен стил, покажа дека сè уште е на врвот.


Поврзани објави

Изминативе неколку години, Адријана минуваше низ тежок период кога многумина ја критикуваа поради вишокот килограми. Но со многу посветеност и труд, таа успеала да си ја врати својата вита става и сега блеска најмногу досега. Нејзиното враќање во старата форма не поминало незабележано, па на премиерата им покажала на сите колку сигурно се чувствува во своја кожа.

За оваа пригода, Адријана одбрала елегантен бел костим кој се состоел од широки панталони и долго, елегантно сако. Овој софистициран стајлинг дополнително ги истакнал нејзиниот тенок струк и витата става, додека чистиот минималистички дизајн давал доза на префинетост. Белата боја, која симболизира чистота и елеганција, била совршена за нејзиното враќање во центарот на вниманието, а Лима уште еднаш покажала дека дури и комплетно закопчана може да изгледа светски и гламурозно.

Нејзиното држење и насмевка оставале впечаток на жена која е целосно задоволна со себе, а нејзината самодоверба била очигледна. На премиерата Адријана не блескала само благодарение на својот беспрекорен стајлинг, туку и поради внатрешното задоволство што го носела во себе.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @tubi, @adrianalima