Откако престана професионално да игра тенис, Серена Вилијамс постојано привлекува внимание со своето однесување, па се чини дека по ниедна цена не сакала да го пропушти натпреварот на Григор Димитров
Во светото на тенисот се случуваат многу интересни работи во последно време. Имено, во тек е US Open, а осмина финалето беше особено интересно, и тоа токму поради појавувањето на Серена Вилијамс на натпреварот на нејзината поранешна голема љубов, Григор Димитров.
Серена била во врска со овој спортист пред 12 години, додека не им се вмешала во романсата, колешката Марија Шарапова. Како што пишувале странските медиуми тогаш, проблемите во рајот настанале поради оваа атрактивна русокоса. Таа не се откажала од Григор, па тие започнале романса, а за љубовниот триаголник се пишувало со денови.
Првиот камен го фрлила Вилијамс на Вимблдон наредната година, карактеризирајќи ја сибирската убавица како „здодевна девојка која никој не ја кани на кул забави“, а потоа, наводно, ѝ „дозволила“ да биде со мажот кој имал „црно срце“.
Убавата Русинка не ѝ останала должна на колешката, па на истиот турнир ѝ порачала на Вилијамс „да си ја гледа својата врска со оженет човек кој има семејство“, алудирајќи на тренерот на Серена, Патрик Муратоглу.
Поврзани објави
Смирувањето на колешките
Сепак, се чини дека годините го смириле гневот, ги избришале лошите спомени и омекнале тенисерките, со оглед на тоа што по пензионирањето на Серена, таа и Марија Шарапова биле видени во исто друштво дури двапати – на Мет галата во 2022 и 2024 година.
Серена му го простила и неверството на бугарскиот тенисер, со кого очигледно сака да ги одржи пријателските односи штом толку жестоко го бодрела за време на натпреварот со Рубљов.
Димитров бил воодушевен од појавувањето на Серена
Бугаринот не го скрил своето воодушевување, па во интервјуто на крајот од натпреварот истакнал дека му било чест што играл пред Серена, а открил и дека му дала неколку значајни совети пред натпреварот.
Секако, тоа било повеќе од доволно за да се подгреат медиумите, но и приказните за нивните „разгорени“ чувства, а многумина мудро си поиграле со зборовите, па напишале дека „Серена ги оставила сопругот и детето за да го бодри поранешниот дечко“.
Димитров, инаку познат како голем заводник, често ги менува девојките, а најновата информација е дека ја завел поранешната тенисерка Ализ Лим, инаку до неодамна девојка на некогашниот кошаркар Тони Паркер.