Почетна Убавина и здравјеСакале да избегнат да платат багаж на аеродром и успеале – вака внеле 30 килограми работи во авионот (ВИДЕО)

Сакале да избегнат да платат багаж на аеродром и успеале – вака внеле 30 килограми работи во авионот (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Иако момците се снашле, се препорачува да ги почитувате правилата за воздушниот сообраќај – постојат со причина.

Џошуа Питерс (30) и Арч Манерс (31) си поставија цел да спакуваат се’ што им е потребно за патувањето за да избегнат да платат 300 фунти (околу 350 евра) дополнителни трошоци. Тие решија да го тестираат својот „изум“ во јуни на летот на Рајанер од аеродромот Лутон во Лондон до Португалија.

Питерс носел палто со огромни џебови за да може да ги наполни со сите работи што вообичаено би ги сместил во куферот, вклучувајќи го и мобилниот кауч. Во меѓувреме, неговиот пријател Манерс облекол пренослив шатор за да имаат „сместување“ кога ќе слетаат.

Палтото на Питерс успеало да собере низа неопходни работи за одморот, како што се кесички за чај, шорцеви и долна облека, топка за плажа, четка за заби, шампон и регенератор. И покрај многубројните „смешни погледи“, јутјуберите за чудо поминале низ обезбедувањето пред да се качат во авионот и среќно да слетаат во Португалија.


Поврзани објави

Сепак, палтото било премногу гломазно за авионското седиште, па Питерс морал да го стави во преградата над главата. Тој тврди дека тој и Манерс заштедиле 59,99 фунти на такси за багажот во секој правец, како и такса од 120 фунти за надминување на нормалната граница на тежина на багажот.

Видео: Х