Го преболевме поразот на Новак Ѓоковиќ на УС Опен. Славниот тенисер многу нè „разгали“ – па постојано од него очекуваме победи и трофеи. И ќе има уште, тоа е сигурно. Нека ги наполни батериите за сè што следи – и нека ја види својата ќерка Тара на училиште – нејзиниот прв ден од прво одделение. Секако заедно со сопругата Јелена.
И кога сме кај неа, на Интернет кружи заедничко видео на господинот и госпоѓата Ѓоковиќ, кое сите нè воодушеви.
Во видеото што кружи на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, се гледаат Новак и Јелена Ѓоковиќ среќни, заљубени, природни и спонтани.
Во секој поглед и движење можете да видите и почувствувате дека нивните чувства се посилни од кога било, а снимката е опишана со зборовите: „Тие се дефиниција за љубовта“.
Многумина немаа што да додадат, но потврдија дека целата суштина е во тие неколку зборови и ги нарекоа совршен пар.
Поврзани објави
They are the definition of love ❤️pic.twitter.com/xb5eOoaAaI
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) September 1, 2024
За нив треба да се сними филм“, беше коментарот кој доби најголема популарност, а несомнено е дека многу луѓе би сакале да видат филм за нивното запознавање, за нивната љубов, за искушенијата низ кои поминале на патот до семејството, среќата и идилата што ја живеат денес.
Видео: X, Instagram