Неда Украден секогаш кога ќе објави фотографија во костим за капење предизвикува многубројни коментари. Повеќето се позитивни, се разбира…
Пејачката се труди да изгледа витално и добро, а вели дека нејзината исхрана се базира на протеини и дека избегнува јаглехидрати и шеќери. Неда Украден своевремено откри и дека ја пробала липосукциската диета, благодарение на која многу познати дами симнаа вишок килограми.
Поп-пејачката пред два дена објави фотографија во виолетов костим за капење со натписот – Збогум море – тргнав на планина.
Сепак, оваа објава наиде на многу негативни коментари.
Фотошопот и од баба прави девојка – гласеше еден од коментарите на кој Неда имаше јасен одговор.
Поврзани објави
Ајде што си слабовида, па не можеш да видиш што е Фотошоп, а што не. Исто така не ме сакаш, а ме следиш и се нервираш, но и тоа е во ред, бидејќи како може да ме сака вакво суштество. Но тоа што чувствуваш потреба да ги завиткаш својата љубомора и глупавост во шовинизам, а потоа без никаков срам јавно да го објавиш, е, затоа те жалам. Можам да замислам колку се нервираш. Уф, колку е тоа за греота. А мене ми е драго – возврати Украден.
Друг коментар гласи: „Недо, имаш 70 години и се сликаш во гаќи!“
Секако, покрај овие коментари, имаше и многумина кои го пофалија изгледот на Неда и истакнаа дека таа е вистински пример за многу помладите од себе дека треба да се грижат за својот изглед.
Фото: Инстаграм