Катарина уживаше во својот дом, од каде ги воодушеви своите фанови со видео…
Пејачката Катарина Живковиќ на 2 август се породи со царски рез и на свет донесе син кој таа и нејзиниот партнер го крстија Стефан.
Веднаш по породувањето, поранешната учесничка на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд откри дека е пресреќна затоа што и се исполнила најголемата желба и дека ужива со својот наследник.
Откако стана мајка Живковиќ се повлече од естрадата, па фановите немаа увид во нејзиниот живот. Сепак, таа доцна синоќа објави видео кое ги воодушеви сите.
Поврзани објави
Имено, Каќа е без шминка, во сосема природно издание во својот кревет, а на обожавателите им испрати бакнеж.
Иако се породи пред нешто повеќе од три недели, пејачката блесна во своето природно издание, поради што сите се согласија дека мајчинството и одговара.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: