Почетна Убавина и здравјеСе огласи Ана Костадиновска, вториот придружен вокал на ДНК – Убавина и здравје

Се огласи Ана Костадиновска, вториот придружен вокал на ДНК – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ана Костадиновска се прости од своите колеги кои го загубија животот во пожарот во дискотеката во Кочани

Ана Костадиновска, која со години ја делеше сцената со покојната Сара Пројковска и им беше придружен вокал на ДНК, на својот фејсбук-профил се збогува со колегите кои трагично го изгубија животот во катастрофалниот пожар во Кочани.

Покрај Сара Пројковска, меѓу жртвите од бендот беа Андреј Ѓорѓиески, Филип Стевановски, клавијатурист и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип, тапанарот Ѓорѓи Георгиев, фотографот Александар Ефремов, тонецот Игор Велков, гитаристот Александар Коларов и бит-боксерот Мартин Атанасовски-Буцо.

Покрај Ана, ужасната несреќа ја преживеа и Владимир Блажев – Панчо, кој моментално е во болница.

На својот фејсбук-профил, Ана напиша:


Поврзани објави

„Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина, а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ.“

Ана сподели и фотографија од неа и Сара Пројковска, во спомен на нејзината добра пријателка и колешка.

„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа. Ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден…“, напиша таа во описот на фотографијата.

Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот беа погребани денеска во Скопје и Струмица. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, беше погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев беше на градските гробишта во Струмица.