На адреса на телевизијата „Пинк“ пристигнало писмо упатено до водителката Јована Јеремиќ, потпишано од непознат маж кој, како што наведува, имал кратка, но значајна средба со неа — средба на која таа не се сеќава.
Имено, Јована ја замолила својата внука Милица да ѝ го прочита рачно напишаното писмо, бидејќи таа самата не можела да го дешифрира ракописот. Милица, не успевајќи ниту таа, го препуштила писмото во рацете на колешката на тетка си. Тогаш, сите три останале без зборови од содржината што следувала.
Многу почитувана Јована, најнапред ќе Ве потсетам на нашата средба — случајна, но за мене многу вредна…“, започнала да чита соработничката, додека Јована со изненадување запрашала: „Каква средба?“
„Некој пат пред некоја капија“, продолжила соработничката, читајќи го и името на непознатиот испраќач. Јована, сепак, искрено призна дека не се сеќава на тој човек, и веднаш додала со доза на духовитост:
Поврзани објави
„Јас не памтам кому сум помогнала. Како што вели мајка ми — мене не ме искористил само тој што не се допрел до мене.“
Писмото остана отворено за толкување, а приказната — уште една анегдота од јавниот живот на контроверзната, но секогаш искрена водителка.
Фото: Printscreen Instagram