Почетна Убавина и здравјеЕфикасно стопете ги килограмите со ТОП 5 вежби на фитнес тренерот Наде Василевска

Ефикасно стопете ги килограмите со ТОП 5 вежби на фитнес тренерот Наде Василевска

од nenad
3 минути читај за

Вежбањето треба да ве прави среќни и да ве исполнува со енергија. Додека вежбате, во телото се ослободуваат ендорфини, кои ви го подобруваат расположението.

,,Убавина и здравје” заради афирмирање на вежбањето и здравиот начин на живот секој петок објавува серијал со презентација на вежби.

Слабеењето е макотрпен процес.  Го заморува организмот, па ако сакате да изгубите тежина треба да се држите само до еден едноставен принцип- да трошите повеќе калории отколку што внесувате.

А кога е вежбањето во прашање овојпат за вас фитнес тренерот Наде Василевска која има долгогодишнио искуство и безброј успешни трансформации зад себе, ви подготви 5 ефикасни вежби за слабеење и затегнување на телото кои можете да ги изведувате со сопствена тежина во домашни услови.

Fire Feet – е кардио вежба која се користи за зголемување на агилноста и брзината на движење на
нозете. Интензивна вежба која се фокусира на брзи, кратки движења на нозете. Вежбата е
одлична за развивање на агилност, координација, и кардио издржливост.
Поставување на телото:
1. Почетна позиција: Застанете со нозете во ширина на рамената, колената благо
свиткани, а телото малку наклонето напред.
2. Рацете: Држете ги рацете пред себе
3. Изведба: Почнете брзо да движите наизменично со стапалата, едвај кревајќи ги од
подот, како да трчате во место. Чекорите треба да бидат брзи и мали, со акцент на
брзина и контрола.
4. Контрола: Одржувајте стабилност на торзото и држете го јадрото стегнато за да го
стабилизирате телото.

Jumping Jacks е динамична кардио вежба која ги активира целото тело, вклучувајќи ги
нозете, рацете и јадрото, додека се изведуваат скокови со раширување на нозете и
движење на рацете.
Поставување на телото:
1. Почетна позиција: Застанете со нозете заедно и рацете спуштени покрај телото.
2. Изведба: Скокнете нагоре додека истовремено ги раширувате нозете на ширина на
рамената или пошироко и ги подигате рацете над главата, формирајќи облик на
„ѕвезда“.
3. Враќање: Скокнете повторно и вратете ги нозете во почетната позиција, додека ги
спуштате рацете назад покрај телото.
4. Контрола: Движете се ритмично, одржувајќи го телото исправено и јадрото
активно. Колената носете ги нанадвор, не внатре при скокот.

Floor Touch Jump Squats е интензивна вежба која комбинира чучаљ со скокови, насочена кон
зајакнување на нозете и кардиоваскуларната издржливост.
Поставување на телото:
1. Почетна позиција: Застанете со нозете во ширина на рамената.
2. Чучнување: Спуштете се во чучањ (squat) така што задникот ќе биде назад, а
колената во агол од 90 степени. Додека се спуштате, допрете го подот со врвовите
на прстите.
3. Скок: Експлозивно скокнете нагоре, истовремено ги исправувате нозете и
подигнувајќи ги рацете нагоре за рамнотежа.
4. Враќање: По скокот, меко приземјете се назад во позицијата на чучнување,
подготвени да ја повторите вежбата.


Поврзани објави

Push Up to Plank е вежба насочена кон зајакнување на рацете, рамената, јадрото и
кардиоваскуларната издржливост.
Поставување на телото:
1. Почетна позиција: Застанете во склек позиција со рацете во ширина на рамената и
дланките да бидат поставени под рамената.
2. Спуштање: Спуштете се во планк позиција така што задникот и стомачните да
бидат стегнати.
3. Враќање: Од позиција на планк се враќаме во позицијата на склек, подготвени да
ја повторите вежбата.

Мountain Climbers е интензивна вежба која комбинира трчање во место, насочена кон
зајакнување на јадрото, рацете и кардиоваскуларната издржливост.
Поставување на телото:
1. Почетна позиција: Застанете со рацете во ширина на рамената, во склек позиција.
Колкот е внатре за да имаме активација на јадрото.
2. Движење: Јадрото е стегнато и со нозете правиме движења како да трчаме во место
и колената ги носиме до гради.

 

ПОЈАСНУВАЊЕ: Овие вежби со сопствена тежина се идеални за намалување на
телесната тежина затоа што се интензивни, тренинзите се кратки и го зацврстуваат
секој мускул на телото. Се трошат повеќе калории за пократко време. Сите тренинзи
во склоп со здрава и избалансирана исхрана даваат одлични резултати.

 

Подготвил: Taтјана Пуленџовска

Фитнес тренер: Наде Василевска

Фото и Видео: Приватна архива