Полицијата пронашла тројца мртви мажи во викендица во областа Велика Лудина во Хрватска.„Денеска, 30 август, околу 06:30 часот, во полиција било пријавено дека во викендица во месноста Велика Лудина има тројца мажи кои не се чувствуваат добро. Кога излегле на местото на настанот, полициските службеници пронашле три безживотни тела, додека на телата не се констатирани надворешни повреди“, се вели во полициското соопштение, пренесено од порталот „24сата.хр“.
На местото на инцидентот се води истрага која ја води заменик државниот обвинител во Сисак во соработка со вештаци. Телата се пренесени во Одделот за патологија во Општата болница во Сисак, каде што ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Во тек е истрага која ќе ги утврди сите околности како починале тројцата мажи.