Амал Клуни била видена на езерото Комо, на ручек со пријателките
Амал Клуни (46) е позната по својот совршен моден избор. Таа едноставно не греши кога станува збор за облеката. Така било и овој пат кога се појавила во елек што го облекла на голо тело, а го искомбинирала со здолниште кое совршено ѝ прилегало. Елекот бил плетен и обрабен со златни ленти.
На главата носела шешир, а во рацете чанта „Клои“, која чини околу 820 долари.
Поврзани објави
Покрај по совршениот изглед, Амал е позната и по својот бистар ум и успешна кариера како адвокатка. Многумина сметаат дека нејзиниот сопруг Џорџ Клуни има амбиции да заплови во политички води, а со Амал покрај себе, веројатно би можел да постигне голем успех.
Тие се венчале во 2014 година, токму на езерото Комо, додека децата, близнаците Александар и Ела, ги добиле во 2017 година.
Кликнете ТУКА за да ја видите модната комбинација на Амал што привлече огромно внимание.