Почетна Убавина и здравјеНикако не смеете да го правите ОВА, ако сакате да бидете среќни – Убавина и здравје

Никако не смеете да го правите ОВА, ако сакате да бидете среќни – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Овој совет на кинески мудрец се однесува на погледот кон доброто и лошото

Оваа парабола за еден кинески мудрец нѐ учи да обрнуваме внимание на доброто и да го тргнеме фокусот од лошото. Суштината на оваа филозофија е дека ако барате лошо, лошо и ќе најдете. Прочитајте ја приказната во продолжение…

Еден стар и многу мудар човек му кажал на својот пријател:

„Погледни ја подобро собата во која се наоѓаме и обиди се да ги запомниш работите што се во кафена боја.“

Во просторијата имало многу кафена боја, а пријателот брзо ја завршил задачата. Но мудриот Кинез му го поставил следново прашање:

„Сега затвори ги очите и наброј ги сите работи што се сини.“

Пријателот бил збунет и огорчен.


Поврзани објави

„Не забележав ништо сино, бидејќи ги помнев само работите што беа кафени!“

На тоа мудрецот му одговорил:

„Отвори ги очите и погледни наоколу – има многу сини работи во собата.“

И бил апсолутно во право.

Тогаш, старецот продолжил:

„Ако во собата ги барате само кафените работи, односно само лошите работи во животот, тогаш само нив и ќе ги гледате, ќе ги забележувате исклучиво нив, само тие ќе бидат запаметени и ќе бидат дел од вашиот живот. Запомнете: ако барате лоши работи, сигурно ќе ги пронајдете и нема да забележите ништо добро.“