Еден коментар, голем проблем. Токму таа забелешка толку многу ја налутила продавачката што во преполната продавница раскажала сè на глас, не грижејќи се кој ќе ја слушне. На крајот на краиштата, кога сте изнервирани, не ни помислувате на тоа…
Продавницата беше преполна, клиентите горе-долу трпеливо чекаа да им дојде редот на касата, а продавачката доста гласно ѝ се пожали на својата колешка:
Жената ми вели: „А, гледам, имаш стомак, па да ти честитам. Повторно си бремена, со среќа“.
Оваа честитка би звучела најубаво на светот, но…
Поврзани објави
„Ја прашувам: ‘Имаш стомак?’. ‘Имам’, ми вели. Па добро, сите имаме стомаци, јас не сум трудна, само имам голем стомак. И не заврши на ова, ми вели на крајот: „Ќе биде наскоро, сакам да имаш уште едно дете“.
Помина извесно време од тој разговор, но не и бесот поради коментарот за големиот стомак.
Непотребно е да се каже дека бременоста е убава, жената која го испратила коментарот веројатно немала лоша намера, но кога ќе видите жена која има вишок килограми кои се рефлектираат на нејзиниот стомак, а не сте сигурни дека е во блажена состојба, воздржете се од коментирање. Ова е токму еден пример како на жените може да им пречат реакциите за тежината.
Сум слушнала слични приказни на различни места, но најдобро ја паметам оваа. Имено, актерката и продуцентка Ева Лонгорија Бастон имаше интересен одговор кога ја прашаа дали е бремена поради поголемиот стомак. Таа тогаш им рече: „Јас не сум бремена, само многу сакам сирење“.