Почетна Убавина и здравјеДали жена во 6. деценија смее да облече вакво нешто? – Убавина и здравје

Дали жена во 6. деценија смее да облече вакво нешто? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Меланија Трамп повторно направила моден погодок

Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп танцувале дури трипати во една вечер по повод инаугурацијата. Во таа пригода Меланија носела долг, црно-бел фустан, направен по мерка од страна на дизајнерот Ерве Пјер, кој ја облекол првата дама и за инаугурацијата во 2017 година.

Сите коментираат дека првиот пат Меланија зела пример од Џеки Кенеди, но дека овој пат ги отфрлила сите влијанија и самоуверено се претставила себеси таква каква што е, и тоа се одразило и на фустанот.

Меланија на нозете носела салонки со висока потпетица, кои станале нејзин заштитен знак, додека косата ја пуштила, а на лицето нанела дискретна шминка.

Фустанот ги нагласил нејзините затегнати раце и тенката половина, а многумина коментираат дека првата дама не се предава и дека ја задржала манекенската става и покрај годините.


Поврзани објави

На социјалните мрежи се поставува следново прашање: Дали жена во шестата деценија може да облече ваков модел на фустан? Може, ако станува збор за Меланија Трамп.

Во еден момент на сцената им се придружиле и другите членови на семејството Трамп, меѓу кои и Тифани Трамп, која го покажала трудничкиот стомак.

Доналд Јуниор танцувал со своите ќерки Клои и Каи, а подоцна му се придружила и девојка му Бетани Андерсон.

Иванка танцувала со својот сопруг Џеред Кушнер, додека Ерик танцувал со сопругата Лара.

Од луѓето од шоубизнисот присуствувале Кејтлин Џенер, Винс Вон, Мајк Тајсон, Џон Војт и Кид Рок.

ФОТО: Инстаграм