Одредени припадници на хороскопските знаци сакаат слобода, па идејата за брак баш и не им е најблиска.
Луѓето родени во знакот на Овен имаат чести промени во расположението и тврдоглави се по прашање на разни работи. Ја сакаат слободата, сакаат да го прават тоа што им е важно и како што тие го замислиле. Не им се допаѓа идејата на некого да му ги правдаат своите постапки.
Тие не се баш сигурни околу идејата за бракот, односно што би требало тој да претставува. Се грижат дека влегувањето во брачните води ќе им донесе монотонија и здодевност и дека ќе се чувствуваат задушено. Поради тоа идејата за брак не ги привлекува.
Тие се преполни со елан кој ги придвижува и им помага во постигнувањето на целите. Секогаш се преоптоварени со своите грижи околу ситните детали, па самите се убедуваат дека ќе се одлучат за брак тогаш кога ќе завршат со останатите обврски. Но перфекционистите Девици никогаш целосно не ги решаваат своите работи, па неретко остануваат сами.

Тие се независни луѓе кои го сакаат сопственото друштво и кои имаат свој свет на ексцентричност. Ретко кога сакаат да го споделат својот живот со некого.
Тие се плашат да се отворат на другите луѓе затоа што не сакаат некој да им ги повреди чувствата. Водолиите имаат чувство дека никој не ги разбира и дека никој не може да им биде безусловна поддршка која им е потребна.
Инспирирано од: www.ubavinaizdravje.mk