Павловиќ нагласи дека за настаните на забавата дознала од медиумите, а дека не знае што точно се случило…
Атрактивната пејачка, Милица Павловиќ беше една од „избраните“ која беше повикана да пее на прославата во чест на српските олимпијци на 12 август. Милица ја отвори прославата со хитот „Ona nosi Pradu“, а со својот глас и стас ја доведе атмосферата до лудило.
Иако изгледаше дека сите одлично се забавуваат на забавата, имаше и такви кои незадоволни си заминаа дома. Во прашање е Радиша Трајковиќ Џани, кој им се налутил на колегите затоа што „одржале концерт“, поради што не стигнал да отпее ниту една песна.
Значи, не е фер, што требаше да направам? Дали да пеам во 7 наутро? Што сум јас овде чистачка? И јас дојдов прв во 22 часот. Први дојдовме јас и Новак Ѓоковиќ, никој не беше од моите колеги“ – бесно рекол Џани по забавата.
Поврзани објави
Со оглед на тоа што и Павловиќ пееше за олимпијците се осврна на обвинувањата на Џани.
Морам да признаам, секогаш сум многу искрена, ми беше жал кога ја прочитав неговата изјава. Кога пристигнав, прво го видов Никола Роквиќ, а кога застанав на бината ги видов Џани и Жељко Шашиќ како седат на масата од левата страна, а подоцна на мојот настап дојде и Милица Тодоровиќ. Им мавнав на сите, ми маваа и мене, после отидов да се спакувам за Црна Гора, а по пат ја прочитав изјавата на Џани, на аеродром ми се јавија многу колеги. Жал ми е што не пееше, сите знаеме дека кога Џани ќе го фати микрофонот создава незаборавна атмосфера, ја знаеме неговата енергија. Не знам што се случи“ – изјави Милица.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: