Почетна Македонија(Видео) Антиќ дочекан во Белград со еуфорични овации од навивачите на Црвена Sвезда

(Видео) Антиќ дочекан во Белград со еуфорични овации од навивачите на Црвена Sвезда

од nenad
0 минути читај за

Претседателот на КФМ и некогашен репрезентативец на Македонија, Перо Антиќ, со големи овации беше пречекан во Беград, во салата „Пионир“ каде што играа Црвена Sвезда и Партизан во дербито на Евролигата.

„Делиите“ еуфорично го поздравија „нивниот Антиќ“, како што го насловија пред извесно време, а тој во друштво на својата девојка Катерина, и тоа како беше среќен и им се поклонуваше на фановите на клубот за кого играше и за кој навива.

Партизан славеше на дуелот со резултат 79:78.


Инспирирано од: infomax.mk