Манојловиќ зборуваше по инцидентот и раскажа што се случило…
Рада Манојловиќ требаше да настапи на манифестација во Илиџа, настан кој со недели однапред се промовираше низ Босна и Херцеговина.
Пред самиот концерт имаше инцидент, па Рада не излезе на сцената. Имено, пред нејзиниот настап, бикови успеале да ја пробијат оградата и да прегазат деца и луѓе кои биле во близина на тоа место. Неколку лица се повредени, но за среќа нема загинати.
Поради овој немил настан, целиот настан бил откажан, а кога организацијата ја известила Ради што се случило, пејачката со часови не можела да се вразуми поради шок.
Поврзани објави
Интересот за настапот на Рада беше огромен, Сараевчани ја обожаваат. Таа дури дошла во Сараево неколку дена порано. Таа требаше да настапува како специјален гостин. Сепак, се случи таа страшна несреќа со биковите која повреди многу луѓе, па настанот беше откажан. Рада беше многу потресена од таа вест“ – изјави извор близок на пејачката.
Рада по оваа информација проговори за медиумите и ги потврди наводите.
Точно е дека се случи несреќа. Требаше да гостувам, но се случи тој немил настан. Како што ми кажаа, за жал, биковите истрчале од оградениот простор и прегазиле деца и луѓе. Тие беа ранети и затоа беше откажана целата прослава. На крајот на краиштата, тоа се бикови, тие се сериозни ѕверови, тешки повеќе од еден тон. Самиот Господ ги спаси…“ – изјави Рада.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: