Таа на својот Инстаграм профил редовно објавува содржини посветени на верата, што и сега го прави…
Наследничката на пејачката Цеца Ражнатовиќ и сопруга на фудбалерот Немања Гудељ, Анастасија Ражнатовиќ, како и другите членови на нејзиното семејство, е многу религиозна, а покрај редовните посети на црквите и манастирите, го пости и секој пост.
Вчера почна Богородичниот пост, а Анастасија сега се огласи на својот Инстаграм профил. Таа објави неколку реченици и во таа прилика објасни што значи да се почитува постот.
Великиот пост е време на подвижничка активност – оддалечување од злото. Со други зборови, човекот треба да се труди да се оддалечи од сите гревови и пороци кои се околу него за време на постот, како и да се бори против грешните склоности и грешни навики кои се во него. Значи, постот не е само за воздржување од мрсна храна, туку и за воздржување од празни, злобни, грди и непристојни зборови“ – меѓу другото пишуваше во објавата.
Поврзани објави
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: