Познатата водителка на Утринската програма на Канал 5 објави бикини-фотка со моќна порака.
„Во изминатите неколку години толку многу се имам пронајдено себе и толку многу нејасни нешта си ‘легнаа’ на вистинското место“, пишува водителката Јелена Спенџарска во описот на фотографијата на која ја гледаме во бикини, објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Позната по витата става, Јелена отворено ги сподели своите размислувања на темата: бикини-тело. Нејзината порака ви ја пренесуваме во целост.
Сфатив дека јас сум само една душа во ова привремено тело. Ја сфатив својата мисија на овој свет и целиот мој фокус е таму! Да не се сфатиме погрешно, уживам да се грижам за моето тело, трчам, одам во теретана, знам да се ставам на некој режим со исхраната, секогаш ги споделувам овие мои искуства со вас, но ова не е изводливо во долг период, сигурно нема да изгледам вака на 80 години.
И тоа е ОК. Исто, нема на секого да му бидам убава, и тоа е сосема ОК. Се’ додека се чувствувам здраво и сум задоволна со својот изглед, јас сум среќна и никој друг не мора да биде! Само ЈАС!
Поврзани објави
Затоа, коментарите врз основа на мојот изглед, не можат да допрат до мене, затоа што мојот изглед е последното интересно нешто во врска со мене. Имам толку многу други работи кои можам да ги понудам – mind, emotions, character, wisdom, talents, helping others and being of service to this world… и тоа е тоа за кое што се грижам најмногу.
Не мислам дека е погрешно луѓето да имаат одреден став за мене врз основа на тоа како изгледам, секој може да коментира од своја перспектива, меѓутоа, ми паѓа жал кога ќе прочитам body shaming коментари за другите, посебно за жените, кои се секогаш најголеми жртви во ова online насилство.
Луѓето мислат дека само затоа што си познат или уживаш во постирање фотографии од себе или имаш пари или its just the Internet е сосема нормално да пишеш што сакаш и тие зборови нема да повредат никој, а воопшто не е така!!! Токму твојот коментар може да биде последната капка која ќе ја прелие чашата и некој ќе посака да се повреди себе си.
Сите треба да научиме да бидеме малку пољубезни спрема другите луѓе и, ако немаме да кажеме нешто убаво, JUST REMAIN QUIET!“, порача познатата водителка.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Инстаграм