Почетна Убавина и здравјеСамо СПЕЦИЈАЛНИ луѓе можат да ја сфатат најстарата оптичка илузија на светот: Ако видите две жени, вие сте вистински ГЕНИЈ (ФОТО)

Само СПЕЦИЈАЛНИ луѓе можат да ја сфатат најстарата оптичка илузија на светот: Ако видите две жени, вие сте вистински ГЕНИЈ (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Една од најпознатите, ако не и најпознатата оптичка илузија на светот е онаа со две жени: една старица и една млада дама.

Деновиве на социјалните мрежи повторно стана популарна една интересна илузија, а многумина се збунети од неа; тие што гледаат млада ја гледаат само неа и колку и да се трудат не можат да ја видат старицата, а и обратното е точно.

Оваа интересна оптичка илузија датира од 1915 година, кога е нацртана од цртачот Вилијам Ели Хил, а потоа објавена во американското хумористичко списание „Пак“ под наслов „Мојата сопруга и мојата свекрва“. „Двајцата се на оваа слика. Најдете ги“, пишуваше на илустрацијата.

Но, цртежот стана масовно популарен кога американскиот психолог Едвин Боринг го анализираше во своето дело „Нова двосмислена фигура“ од 1930 година. Оттогаш оваа илустрација е позната како „фигурата на Боринг“, а била дел од бројните експерименти и истражувања во следните децении, пренесува „Мирор“.

Повеќето луѓе изјавуваат дека можат да видат само една жена, а на многумина дури ни упатствата да ја видат другата не помагаат. Едно е јасно – или ќе видите млада жена со капа, чие лице е благо свртено налево, или ќе видите профил на старица со шал. Еве навестување – ланчето на младата жена е устата на старицата, а ушите на младата се очите на старицата.

Ако некогаш сте се запрашале зошто прво сте виделе некоја од овие две жени, австралиското истражување од 2018 година, спроведено од двајца професори по психологија, заклучило дека тоа има врска со возраста, пишува Business Insider.

Студијата покажа дека помладите на возраст од 18 до 30 години прво ќе видат млада жена, додека оние над 30 најчесто гледаат старица. Исто така, мажите се со поголема веројатност прво да забележат постара дама.