Почетна Убавина и здравјеТајната е во ОВАА состојка на која сигурно не би се сетиле! – Убавина и здравје

Тајната е во ОВАА состојка на која сигурно не би се сетиле! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овој едноставен и вкусен сос од домати претставува совршена основа за вашите омилени италијански јадења

Овој едноставен италијански сос од домати се приготвува од само пет состојки, за само 10 минути. Совршен е за тестенини, пица или за едноставно макање со парче потпечено чабата лепче.

Италијански сос од домати

Постојат бесконечно многу рецепти за италијански сос од домати. Некои верзии се приготвуваат од свежи домати и се крчкаат со часови, некои додаваат лути пиперки за да добијат пикантен арабјата сос или панчета за побогат вкус.

Рецептот во продолжение е многу брз и едноставен, се приготвува со малку состојки но неверојатно е вкусен. Вкусот произлегува од брзото готвење што ги карамелизира шеќерите во доматот, давајќи му одличен вкус на сосот за кратко време.

Каков домат да користите?

Италијанците велат дека треба купите квалитетни состојки за да ви успее рецептот.

Не можете да го приготвите најдобриот италијански сос со неквалитетни домати. Италијанците користат сечкан домат од конзерва за овој брз рецепт од 10 минути.

Состојки:
  • домат во конзерва
  • лук
  • босилек
  • сушено оригано
  • масло
  • сол

Поврзани објави

Приготвување:

Прво, пропржете го лукот. Никогаш не го ставајте лукот во веќе загреано тавче бидејќи ќе загори речиси веднаш. Додајте го маслото и сечканиот лук истовремено, а потоа полека загревајте и оставете да се пржи 50-60 секунди.

Кога ќе го додадете доматот, исплакнете ја конзервата со 1-2 лажици вода за да искористите што повеќе од доматите. Додајте сол и гответе на средна температура 8-10 минути. Ако доматите се крупни, згмечете ги со гмечалка за компир за да добиете хомогена смеса.

Кога сосот ќе се редуцира малку, додајте грст свеж босилек или магдонос, во зависност од тоа како ќе го послужите. Ако сакате да додадете сушено оригано, додајте го истовремено со лукот.

Тајната состојка, всушност, е босилекот, што не се користи традиционално во нашата кујна.

Совети за приготвување италијански сос од домати

Ако приготвувате сос за тестенини – сочувајте малку од водата во којашто се вареле тестенините и додајте ја во сосот непосредно пред да ги додадете тестенините. Ова помага да се создаде емулзија на сосот и дава дополнително богат вкус.

Проверете ги зачините – кога ќе завршите со готвењето на сосот, пробајте го и ако треба повеќе сол, додавајте малку по малку. Запомнете дека секогаш можете да додадете уште сол, но не можете да ја извадите.

Додајте зачинско билје и зачини – користете го ова и за други сосови на база на домати, а можете да додавате различни зачини, како свежо чили и рузмарин.