48
Вчера во скопското село Страчинци бил приведен триесет и тригодишниот Т.Ф. од с.Страчинци, кој бил баран по распис, а од Основен кривичен суд Скопје е донесено решение со кое му е одредена мерка притвор. Притоа, кај него бил пронајден и одземен кокаин.
„Со наредба од Основен кривичен суд Скопје, беше извршен претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето е предадено во Полициската станица Гази Баба, од каде е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор“, информираат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.