Спектакуларната церемонија на отворање на Олимписките игри се одржа во петокот вечерта во Париз, но еден настап особено го привлече вниманието на јавноста и тоа главно негативно.
Многумина беа воодушевени од отворањето, но подеднакво – многумина ова отворање го оценија како најлошо досега, а особено еден сегмент предизвика незадоволство.
Имено, на еден од мостовите на Сена беше прикажана „Тајната вечера“ на Да Винчи, но наместо апостолите и Исус, главни херои и хероини беа драг кралици, транс мажи и жени, како и други од т.н. „категорија чадор“. Инаку, овој мурал датира од времето на ренесансата, а се наоѓа во Милано, во црквата Санта Марија де ла Грација.
Свое мислење за овој настан даде и Анастасија Ражнатовиќ. Таа прво ја сподели „стори“ објавата на писателот Срѓан Зиројевиќ.
Поврзани објави
Олимписките игри почнаа, но не славно. Нив ги отвори раперот Снуп Дог. Сквернавење на Тајната вечера. Јавач без лице на блед коњ кој ја има библиската симболика на смрт и уништување а потоа доаѓа пекол. Дожд кој паѓаше без престан. Ни останаа спортистите кои и покрај се ќе се борат за единство, мир и пријателство. Симболиката што ја пренесуваат спортистите е дека постојано се трудат да ги поместат своите граници и да станат подобри, а тоа е порака и за нас – напиша Срѓан, а Анастасија ја сподели неговата објава.
Пејачката потоа објави снимка со која споредува како се отвориле Олимписките игри во 1992 година, кога олимпискиот оган се палел со лак и стрела, а сега кога фокусот е на драг- кралиците, транс мажите и жените.
„Што е ова луѓе мои? Потсмевање на Бог? Срамота. Боже прости им, не знаат што прават“, напиша Анастасија.