Фатени во сопствените лаги прес службата на Владата на Мицкоски се демантира самата себе.Во владино соопштение до медиумите од 24 јули, самата Влада соопшти дека Ибрахим Ељези е именуван за в.д. заменик директор на Идризово, одделение во Велес, каде се наведни и други назначувања, како и она на Јанески.
Тоа соопштение го имаат сите медиуми и денешната реакција на истата прес служба дека не бил именуван е смешна.Впрочем врз основа на ова Владино соопштение медиумите и ја пренесоа веста за неговото именување.Зарем денеска Владата на Мицкоски сака да каже дека медиумите сами си ја измислија вест?
До толку несериозно, неодговорно однесување од Владата со потценување на јавноста и на медиумите досега не е забележано.Ете до каде може да оди ВМРО-ДПМНЕ.Тоа што си правеле пиши-бриши на соопштенијата под притисок на јавноста Владата треба да одговори дали и реално значи дека Владата е пишман и за други одлуки?
Кое друго име е избришано од најавените назначувања за директори?Ова е класична криминална кадровска политика.За 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат секојдневни скандали, промашувања и разочарувања.Немало досега Влада со толку лош почеток, со толку кадровски промашувања.