„Имајќи предвид дека напад на новинар во Кривичниот законик се третира како напад врз службено лице, апсолутно е неприфатливо ваквото однесување од лица кои спроведуваат делови од правниот систем. Како и во повеќе наврати досега, Агенцијата посочува дека е неопходно да се овозможат услови за безбедно и професионално извршување на работните задачи на претставниците на медиумите“,се вели во реакцијата на АВМУ.
Нападот на Салиу вчера го осуди и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Оттаму посочија дека нападот, кој го оценија за скандалозен, следува по серијата истражувачки стории поврзани со извршителката Јакимовска од страна на „ПорталИкс“ и Салиу, кој вчера при земање на изјава од извршителката бил физички нападнат од неа и притоа се здобил со повреда на раката, но и скршен микрофон од неговата опрема.Во меѓувреме, од Јавното обвинителство на РСМ вчера информираа дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево е известен за настанот оти се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот