Министерот Тошковски потенцираше дека соработката меѓу двете држави е на одлично ниво и само ќе се продлабочува во иднина. Од страна на премиерот Вучевиќ беа упатени честитки за изборот на новата Влада и посочи дека ваквите средби се од големо знаење во негувањето на одличните односи меѓу двете земји. Воедно премиерот Вучевиќ потенцираше дека Србија е земја која нема ниту едно отворено прашање со нашата држава и во тој контекст ќе биде наш поддржувач на секое поле, особено на евроинтегративниот пат.
Премиерот Вучевиќ исто така го поздрави назначувањето на министер од српската заедница во македонската влада, оценувајќи го како потег значаен за Србија во негувањето на традиционално добрите односи.