Вежбањето треба да ве прави среќни и да ве исполнува со енергија. Додека вежбате, во телото се ослободуваат ендорфини, кои ви го подобруваат расположението.
,,Убавина и здравје” заради афирмирање на вежбањето и здравиот начин на живот, почнува серијал на презентација на вежби.
Убаво обликувани задник и нозе се најчестиот дел од телото што жените сакаат да го обликуваат, а со секојдневно повторување на овие едноставни вежби за два до три месеци резултатите ќе бидат видливи.
Фитнес-тренерот Симона Ристовска ни ги открива нејзините ТОП 5 вежби за убаво оформен, цврст и секси-задник, точно онаков каков што е на рекламите за производи против целулит.
BULGARIAN SPLIT SQUT – Застанете пред клупата и испружете ја едната нога назад, држејќи ја другата нога цврсто на земјата. Спуштете го телото со свиткување на предното колено додека бутот не биде паралелен со земјата, внимавајте коленото да не се протега покрај прстите на нозете, додека грбот е исправен и телото зацврстено. Турнете со петицата за да го подигнете телото назад во почетната положба.
ROMANIAN DEADLIFT – Држете го грбот исправен, колената малку свиткани, а колковите зацврстени, па полека спуштајте се кон подот, обезбедувајќи теговите да останат блиску до вашето тело за да почуствувате истегнување на задната ложа и задникот.
DUMBBELL SUMO SQUAT – Полека спуштете го телото како да седнувате назад на стол, држејќи го грбот исправен, а колената над прстите и спуштете ги теговите кон подот меѓу нозете. Бутовите се паралелни со подот, градите се малку навалени напред и тежината е на вашите потпетици.
Поврзани објави
DUMBBELL HIP THRUST – Стапалата треба да бидат поставени пред колената, а нозете треба да се под агол од 90 степени. Вратот треба да биде во права линија со телото, и со главата да не налегнувате наназад. Кога се кревате нагоре, задникот го затегате и задржувате до 5 секунди. Стомакот треба да биде постојано стегнат.
DUMBBELL HIP ABDUCTION – Одржувајте го јадрото зацврстено и телото исправено, полека подигнете ја ногата на страна додека биде приближно на висината на колковите. Држете ја оваа положба до 5 секунди. Полека спуштете ја ногата назад во почетната позиција одржувајќи ја контролата врз движењето.
Освен што изгледа убаво и што мажите го обожаваат, цврстиот задник помага и за одржување на подобра положба на телото и стабилизирање на грбот.
Затоа, не чекајте и веднаш почнете да го обликувате вашиот задник. За кратко време ќе почувствувате дека облеката ви стои подобро и дека имате поголема самодоверба.
Текст: Татјана Пуленџовска
Видео: Убавина и здравје