Почетна Убавина и здравјеСкендеровски продукција се закити со значајно признание! (ФОТО) – Убавина и здравје

Скендеровски продукција се закити со значајно признание! (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Бојана Скендеровски најчесто јавноста ја поврзува со пеењето, но и „Скендеровски продукција“ која располага со најсовремени услови од областа на видео и аудио продуцирањето.

Познатата пејачка се пофали на социјалните мрежи со новото големо достигнување на нејзината продукциска куќа, признание кое е уште еден доказ за нивната работа и успех.

Поврзани објави

Приказната за нашата @skenderovskiprodukcija започна пред точно 7 години,почнавме со огромен ентузијазам кога сите ни велеа дека Македонија не е погодна за овој бизнис,имавме идеи и соништа кои знаевме дека со труд и волја можеме да ги оствариме….
Од нашата продукција излегоа многу проекти,емисии,квизови,музички видеа,спортски преноси,организиравме многу настани на кои сме горди…
Во овој момент сакаме да им се заблагодариме на сите клиенти кои ни веруваат и соработуваат со нас,им се заблагодаруваме на сите наши технички соработници со кои расте нашата продукција,сите вие сте дел од нашиот успех.
Горди сме на ова признание како деловен субјект во групата компании со најдобра бонитетна оцена,се вбројуваме во првите 100 најдобри мали компании во Македонија.
Продолжуваме понатаму уште помотивирани! – напиша Бојана во описот на фотографиите кои ги објави.