Почетна МакедонијаОсмани: Последен пат ќе влезе во државата секој оној кој Македонците ќе ги нарече Бугари

Османи: Последен пат ќе влезе во државата секој оној кој Македонците ќе ги нарече Бугари

од nenad
1 минути читај за

Последен пат ќе влезе во државата секој оној кој ќе ги нарече Македонците Бугари или ќе каже дека Македонија е бугарска, дециден е министерот Бујар Османи. Тој во интервју за „Студио 10“ на Телевизија 24 Вести уште еднаш ги повтори пораките кои вчера ги кажа и во Софија.

„Јас кажав јасно во Софија, секој што ќе дојде во Република Македонија и ќе ги предизвика граѓаните, заедниците, преку негирање на постоење на македонскиот народ, територијални претензии од типот: Македонија е бугарска, Македонците се Бугари, тоа ќе биде сериозна основа државата да не дозволи негово повторно влегување во земјава, бидејќи ние не можеме нашите граѓани да ги изложиме на таква вознемиреност“, – рече Османи.

Османи истакна дека за говорот на Џамбаски стигнала осуда и од Владата на Бугарија.

„МНР на Република Бугарија имаше нота во која што го осуди говорот на Џамбаски и изјави дека тоа не е став на Република Бугарија, дека тоа не е став на мнозинството граѓани во Република Бугарија, дека тоа не е став на бугарските институции“, рече Османи во интервјуто.

Шефот на дипломатијата Османи порача дека двете Влади ќе ги адресираат провокаторите и насилниците и тоа нема да биде обесхрабрување за Владата на Македонија и Владата на Бугарија да продолжат со позитивната агенда.

Инспирирано од: infomax.mk

Leave a Comment