Почетна МакедонијаЗА ПУКАЊЕТО И УБИСТВАТА НИЗ СКОПЈЕ НЕ СЕ КРИВИ НИТУ СДСМ НИТУ ВМРО ДПМНЕ НИТУ ДУИ, ПРИЧИНАТА ЛЕЖИ НА СОСЕМА ДРУГО МЕСТО

ЗА ПУКАЊЕТО И УБИСТВАТА НИЗ СКОПЈЕ НЕ СЕ КРИВИ НИТУ СДСМ НИТУ ВМРО ДПМНЕ НИТУ ДУИ, ПРИЧИНАТА ЛЕЖИ НА СОСЕМА ДРУГО МЕСТО

од nenad
2 минути читај за




Една Америка односно САД се бори со дрогата веќе пола век па не успева не па ние со нашето МВР ќе сме победеле во таа битка… За пукањето во Чаир и убиствата не се криви ниту СДСМ ниту ВМРО ДПМНЕ ниту ДУИ без разлика колку и да се обвинуваат партиите меѓу себе, туку причината за тие убиства е се поголемиот апетит за дрога кај Скопјани. Дрогата денеска стана тоа што порано беше пивото цигарите виното ракијата… Денеска да се дрогираш за жал е сосема нормално па дури и ин.

   

Огромната побарувачка од една страна и тоа што е нелегална ја прави дрогата да е многу скапа што пак значи огромна заработувачка значи зборуваме за десетици илјади па до стотици илјади евра месечно за дилерите, тоа се огромни пари за кои они се спремни и да пукаат убиваат и лежат затвор. Засега за среќа пукањето е само меѓу кланско и меѓу криминално во пресметки меѓу себе, не гинат недолжни цивили или полицајци, барем за тоа имаат усул што е и паметно, со тоа сакаат да не предизвикаат поголема акција како Сабја во Србија каде ги поапсија сите во 2003-та по убиството на премиерот Зоран Џинџиќ.

Така што ќе мора да се навикнеме, или пак да ја легализираме дрогата и да ја оданочиме па да се купува во аптеки за што нема никакви шанси со оглед на тоа што темата ќе се политизира, од друга страна па колку и да апсиш и да затвораш секогаш ќе има нови деликвенти кои ќе сакаат да возат порше низ скопските улици и да ги фатат најзгодните старлети кои се палат на такви битанги, значи тука нема крај, ова ќе трае наредни 100 години, ќе треба да се навикнеме и многу да не се чудиме и паѓаме во несвест, за жал!