Почетна ТехнологијаМицкоски објави дека во Лондон се сретнал со Радев, но не и што разговар

Мицкоски објави дека во Лондон се сретнал со Радев, но не и што разговар

од nenad
1 минути читај за

Тој рече дека се сретнал и со државници од регионот како претседателите на Србија, Црна Гора и Бугарија – Александар Вучиќ, Јаков Милатовиќ и Румен Радев, како и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

   

„На сите овие средби имав можност да разговарам за предизвиците за регионот и за приоритетите на македонската Влада. Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед. Понатаму би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска Влада“вели Мицкоски.

Од учеството на Самитот тој го издвојува и своето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што се осврнал на предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на С Македонија.

„А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа. Се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде, во Оксфорд, Велика Британија“,вели Мицкоски на крајот од изјавата.