Table of Contents
Сексот не само што прави да се чувствуваме убаво, туку научно е докажано дека помага и за добивање на поубав изглед од глава до пети. Ви откриваме неколку начини на коишто сексот го разубавува вашиот изглед:
Согорува калории
Одбивате да влезете во фитнес салата за да се раздвижите? Тогаш, за да внесете активност во вашиот живот, не бегајте од вашиот партнер. Триесет минути секс придонесуваат за согорување на околу 85 калории. Можеби тоа ви изгледа малку, но на долгорочен план сексот е најзабавниот сојузник за одржување на витко тело.
Ви дава кожа со блескав сјај
Не ви се потребни 2 вида пудра и руменило за да постигнете блескав здрав сјај на лицето. Сексот ја подобрува циркулацијата на кожата и со тоа носи повеќе кислород во кожата. Резултатот е природен здрав изглед на кожата. Хормонот окситоцин, којшто се ослободува пред оргазам, помага за обновување на клетките на кожата и одржување на нејзиниот блесок.
Помага против акни и ги чисти порите
Поврзани објави
Страста меѓу вас и вашиот партнер предизвикува потење. Со потењето порите се прочистуваат од нечистотијата. Следниот пат кога планирате да имате секс, можеби е подобро да не го отворате прозорецот или да не го пуштате клима уредот. Иако нема научни истражувања што го потврдуваат тоа, многумина веруваат дека сексот ја чисти кожата од акни.
Сексот го одложува стареењето
Ако сакате да изгледате помлади, не го прескокнувајте сексот. Тој помага против стареењето на неколку начини. Прво, го зголемува количеството на произведен колаген и со тоа ја редуцира појавата на брчките. Второ, го намалува стресот и со тоа го подобрува изгледот на вашата кожа. Трето, тој е одлична физичка активност која што ќе ви помогне да не го запоставите изгледот на телото. И докажано е дека сите ќе го забележат позитивниот ефект на сексот врз вашиот изглед. Многу истражувања покажале дека оние кои имаат редовен секс, изгледаат дури и до 10-12 години помлади.
Добар сон
Окситоцинот или уште наречен хормонот на љубовта, којшто се ослободува во телото за време на оргазам, е виновник за појавата на поспаност и целосна релаксација после секс. Тоа води до длабок и мирен сон. А спиењето од своја страна помага за разубавување на кожата, намалување на крвниот притисок и одржување на телесната тежина.
Освен тоа, сексот го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, го зголемува имунитетот, ја намалува болката, го намалува ризикот од рак на простата кај мажите, ги зајакнува карличните мускули… Потребни ли ви се уште причини за да имате секс?