Почетна Убавина и здравјеГо забрзуваат метаболизмот и помагаат да согорите повеќе калории! – Убавина и здравје

Го забрзуваат метаболизмот и помагаат да согорите повеќе калории! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Постојат одредени намирници кои што ја забрзуваат работата на метаболизмот и согоруваат калории. Сакате да знаете кои е тие? Сега ќе ви гиоткриеме.

Млеко и житарици

Сложените јаглехидрати и влакната ја забрзуваат работата на метаболизмот, затоа што по хранењето го одржуваат ниско нивото на инсулин. Тоа е добро, бидејќи високото ниво на инсулин му праќа сигнал на телото да започне да складира масни наслаги.
Калциумот во млекото исто така го забрзува метаболизмот. Истражувањето на Универзитетот во Тенеси, покажало дека луѓето кои држат диета и консумираат меѓу 1200 и 1300mg калциум на ден, губат скоро двојно повеќе тежина од тие кои што внесуваат помалку калциум.

Чили феферони

Лутите феферончиња го забрзуваат ритамот на срцето. Истражување направено кон крајот на 80-те години покажало дека јадењето на еден луто зачинет оброк ја забрзува работата на метаболизмот за 25%. Поново истражување пак покажало дека мажите кои консумираат кафе и оброци кои содржат црвено луто феферонче, согоруваат скоро 1000 калории повеќе од нормалното.

Поврзани објави

Зелен чај и кафе

Кофеинот го забрзува срцевиот ритам, а колку побрзо чука вашето срце, толку повеќе калории согорувате. EGCG функционира слично. Оваа супстанција им помага на мозокот и нервниот систем да работат побрзо и со тоа вие согорувате повеќе калории. Истражувањата покажуваат дека комбинацијата на кофеин и 90mg EGCG, консумирана 3 пати дневно, помага да согорите дополнителни 30 калории и тоа додека мирувате.

Лесно и без маснотии свинско, пилешко, говедско и мисиркино месо

На телото му е потребна повеќе енергија да ги обработи протеините од месото, отколку што му е потребно за јаглехидратите и мастите. Тоа значи дека колку повеќе протеини консумирате, толку повеќе работи вашето тело, па така во тој процес вие трошите повеќе калории.
Истражување направено во Аризона, покажува дека луѓето кои држат диета богата со протеини согоруваат двојно повеќе калории неколку часа по хранењето, отколку луѓето кои држат диета богата со јаглехидрати.

Лосос, туна и сардина

Масните киселини омега 3 влијаат врз нивото на хормонот лептин во телото. Ниското ниво на лептин го забрзува метаболизмот и вие побрзо согорувате калории. Најдобриот начин да го намалите нивото на лептин е да јадете риба.