Ким Кардашијан и Клои Кардашијан биле едни од многубројните славни гости на венчавката на Анант Амбани во Индија, а во таа пригода, Ким прекршила едно важно правило
Секако дека сè мора да се врти околу Ким Кардашијан! На тој принцип го заснова своето реално шоу и стана успешна жена. Така било и овој пат кога се појавила на венчавката на Анант Амбани во Индија.
За да се истакне меѓу многубројните славни гости, Ким облекла црвена лехенга, боја што е резервирана само за индиските невести.
Фустанот во црвена боја во хиндуизмот е симбол на чистота, плодност и богатство.
Тоа е како кога би дошла на наша венчавка облечена во снежнобела венчаница. И тоа не било случајно, бидејќи Ким дури два дена по ред носела огненоцрвен фустан на свечениот настан.
Поврзани објави
Клои исто така била присутна на венчавката, но таа облекла фустан во боја на слонова коска со златни детали.
Венчавката, за која светот зборуваше уште од март годинава, беше една од најекстравагантните венчавки некогаш направени. Семејството Амбани е најбогатото семејство на светот и тие започнаа со прославите по повод венчавката на нивниот најмлад син уште во март. Ги поканија да им пеат Ријана, Кејти Пери и Џастин Бибер, додека на крстосување ги одведоа британското кралско семејство, Бекамови, Иванка Трамп, Бил Гејтс и Марк Закерберг.
На главниот настан присуствувале актери и пејачи од Холивуд и Боливуд, а невестата и младоженецот биле пресреќни.