145
Моментално се одвива најмасовното гасење досега на пожарот кај Неготино, кој се прошири и на планината Серта.Денес на терен од воздух се гаси со пет ер трактори и со еден хеликоптер, информира неготинскиот радоначалник д-р Горан Стојанов.Ова е седми ден откако беснее пожарот кој истовремено се гаси и од копно.Благодарение на меѓународната помош во вид на воздухоплови за гасење, која деновиве пристигнува од повеќе земји, помеѓу кои Турција, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, денес е организирано најмасовното гасење на огнената стихија, а населението се надева дека конечно ќе дојде до локализирање.
Може да ве интересира и...
- Vivo V27 4G, Vivo V27 5G Spotted On BIS Certification Website Ahead of March 1 Launch: Report
- Малолетник играјќи фудбал удрил жена со топка, таа го нападнала со метална шипка
- (ВИДЕО) СДСМ: Нема нови автобуси во Скопје само заради ВМРО-ДПМНЕ
- Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето