Денеска во четири часот по полноќ било пријавено дека на паркинг на Бит Пазар настанал пожар во возилото на Д.И каде покрај неговото било зафатено и соседното возило. Пожарот веднаш бил изгаснат од противпожарната единица.„Денеска (12.07.2024) во 04.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(38) од Скопје, пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во неговото патничко возило „мерцедес“, а од пожарот било зафатено и патничко возило „шкода“, сопственост на С.З.(53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна единица. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“ велат од МВР