45
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во затворот „Скопје“ имало тепачка каде тројца затвореници нападнале друг осуденик.
„На 11.07.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека на 09.07.2024, во полуотвореното одделение, В.Т.(39) од Скопје бил физички нападнат од Д.П., К.Б. и Р.Џ., сите притвореници во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ се вели во билтенот на МВР.