Актерот Том Круз после долго време беше фотографиран со синот Конор Круз (28), кого го посвои додека беше во брак со Никол Кидман.
Таткото и синот се појавиле на аеродромот во Лондон, каде што пристигнале со приватен хеликоптер. Том ја презеде контролата над хеликоптерот, а неговиот син седеше зад него.
Двајцата последен пат беа видени заедно минатата година во Њујорк, каде што одржаа промотивен настан за филмот на Том, Mission: Impossible – Dead Reckoning. Со нив беше и сестрата на Том, Ли Мапотер.
Поврзани објави
Конор има добри односи со својот татко. Извесен период тргна по неговите стапки и се појави во Seven Pounds во 2008 година, а потоа во 2012 година во Red Dawn. Последниве години ретко се појавува во јавноста.
Инаку, Том посвои две деца со Никол Кидман – ќерката Изабела и синот Конор. По нивниот развод во 2001 година, децата решиле да живеат со својот татко и како него се членови на Скиентолошката црква, додека Кидман ја напуштила црквата во 90-тите.
На крајот, Изабела откри дека повеќе не била во контакт со родителите, а Круз и Кидман не биле ни на нејзината свадба.
По разводот со Никол, Том се ожени со Кејти Холмс и ја добија ќерката Сури, која сега има 18 години. Актерот нема контакт со својата ќерка по разводот со Кејти.