Таа веднаш по пристигнувањето на островот се огласи преку социјалната мрежа Инсаграм…
Анастасија Ражнатовиќ откако извесно време мина прво во Србија, па во Германија на Европското првенство каде го бодреше сопругот Немања Гудељ, сега замина на одмор.
Како што покажа преку својот Инстаграм, отиде на Ибица, а во таа прилика објави видео кое привлече големо внимание кај нејзините следбеници.
Наследничката на Цеца носеше фармерки и јакна, под кои не е познато што имаше, со оглед на тоа дека единствено што се гледа е нејзиниот гол стомак. Целиот стајлинг го „заокружила“ со бела чанта и ланче од школки.
Поврзани објави
Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ престојуваше во Германија со својата мајка Цеца Ражнатовиќ, а иако српската фудбалска репрезентација немаше успех во натпреварувањето, судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, тие двете одлично се забавувале.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: