Почетна Убавина и здравјеПосен бурек на турски начин! – Убавина и здравје

Посен бурек на турски начин! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Еве што ви е потребно да направите посен бурек.

Состојки:

– 500 гр спанаќ, блитва, компир… (по желба)

– 1 главица кромид

– сол

– бибер

– 300 мл вода

– брашно по потреба

– масло

Поврзани објави

Подготовка: 

Кромидот испржете го па додајте добро зготвен и исечкан спанаќ, побиберете по вкус и динстајте уште неколку минути.

Замесете тесто од 300 мл вода, сол и брашно по потреба. Тестото не треба да биде премногу тврдо. Оставете го тестото да одмара половина час.

Потоа поделете го на 4 еднакви кори, ставете масло и оставете ги да отстојат еден час.

Потоа развлечете ја првата кора што потенко, пропрскајте со масло и склопете ја од сите четири страни, така што ќе добиете коцка.

Развлечете ја втората кора, исто така да биде тенка па посипете со масло.

Потоа ставете ја првата кора која е спакувана и свиткајте другa, третата кора исто така развлечете ја пропрскајте со масло, додајте фил, потоа повторно преклопете. Истата постапка повторете ја и со четвртата кора.

Печете во рерна на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!