Почетна Убавина и здравјеПо 3 недели забележала неверојатни промени – Убавина и здравје

По 3 недели забележала неверојатни промени – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Искуството на оваа жена која престанала да пие кафе секое утро е многу позитивно

Кафето им е омилената напивка на многумина. Основната состојка што ја содржи кафето, односно кофеинот, често е предмет на истражувања поради силното дејство што го има.

Една новинарка од веб-сајтот byrdie.com престанала да пие кафе три недели поради проблеми со кожата, а резултатите биле неверојатни. Ви го пренесуваме нејзиното искуство во целост:

„Ако барем еднаш сте биле на дерматолог, сигурна сум дека ви препорачал да пиете помалку кафе или сосема да престанете. Дерматологот повеќепати ме советуваше да го сторам тоа, но не бев подготвена да се откажам од мојата кофеинска зависност. Сепак, од чиста љубопитност одлучив да не пијам кафе три недели, а во продолжение ќе ви раскажам какви неверојатни резултати постигнав.

Пред сè, сигурно ве интересира дали ми недостасуваше кафето наутро за време на тие три недели? Апсолутно. Не очекував чудо, но во текот на првата недела немаше никаква разлика на кожата на моето лице. Но втората недела, веќе исчезнуваа акните што ми се имаа појавено одамна. Третата недела комплетно исчезнаа и морам да признам дека кожата ми изгледаше прекрасно.

Поврзани објави

Проширените пори што ме мачеа отсекогаш изгледаа помали од претходно. Секако, кожата не ми беше совршена како кај Џенифер Лопез, но откажувањето од кафето конечно почна да ми се допаѓа. Другата промена што ја забележав е пониско ниво на маснотии. Отсекогаш сум имала неколку суви подрачја на лицето – околу носот и брадата, но веќе третата недела, мојата кожа беше изедначена, што ме натера да верувам дека мешаната суво-масна текстура на кожата е резултат на дехидрација како последица на консумирање кафе.

Сепак, мојата кожа не стана совршена како да е фотошопирана за три недели, но кога би се обидела повторно, не би попуштила на 23. ден од експериментот поради ледено кафе. Иако мислам дека комплетно ќе се откажам од кафето и дека резултатите ќе бидат подобри на подолги патеки.

Мислев дека ќе се чувствувам млитаво без мојата дневна доза на кофеин, но се случи спротивното (во ред, се чувствував млитаво првите два дена од експериментот). Но всушност, желудникот ми реагираше на леденото кафе што го испив.

Сега повторно сум во зона без кофеин – ќе видиме колку ќе трае, но ќе се обидам да истерам четири недели. Дали ќе ми се придружите во овој безкофеински предизвик?“