Фудбалерот Мауро Икарди со години е во фокусот на јавноста, не толку поради својата кариера колку што поради турбулентниот и скандалозен љубовен живот
Светските медиуми минатата година ја пренесоа веста за тешката болест на Ванда Нара, позната претприемачка, инфлуенсерка и сопруга на познатиот аргентински фудбалер Мауро Икарди.
Ванда наводно боледува од леукемија иако ниту ги демантирала ниту ги потврдила овие информации, извесно е дека ѝ бил дијагностициран сериозен здравствен проблем.
Атрактивната 37-годишна девојка со години беше во екот на скандалите, бидејќи го изневерила својот сопруг фудбалер со неговиот најдобар пријател.
Сепак, колку и да е лоша нејзината постапка, не го заслужува ужасот низ кој поминува сега кога станува збор за нејзината болест.
„Бев во болница, но не знаев што се случува. Прво, ми пријдоа медицинските сестри уплакани, ме прегрнаа, а јас му кажав на Мауро: ‘Ќе умрам, а нема да ми кажат’. Испаничив, бидејќи не знаев што се случува“, наводно, ова му го раскажала Ванда на нејзиниот близок пријател Анџело Де Брито, кој инаку е познат аргентински новинар.
Брито потоа им открил некои детали од нивниот разговор на медиумите:
Поврзани објави
„Ми кажа за што точно станува збор, но нема да го изговарам тоа, додека самата таа не го стори тоа. Ми кажа дека сè уште е во шок и дека се обидува да се освести дека е болна.“
„Мислев дека моето семејство ќе биде уништено“
Од друга страна, тој бил прилично отворен додека ги опишувал најтешките мигови на Ванда и верно го прераскажал она што го слушнал:
„Во тој момент ме фати паника, бидејќи не знаев што ми се случува. Сешто ми поминуваше низ глава. Децата плачеа, сите медиуми го следеа тоа. Мислев дека моето семејство ќе биде уништено. Мауро сакаше да престане да се занимава со фудбал. Сестра ми Заира побрза да се врати од одмор што порано. Мајка ми легна болна. Се чувствував како целиот свет да ми се сруши врз глава. Но потоа станав уште посилна така што на сите им покажав дека сум добро, дури и кога сè се распаѓаше“, наводно ова му го раскажала убавата Аргентинка.
Инаку, Ванда и Икарди се во брак од 2014 година и имаат две девојчиња. Интересно е тоа што таа го запознала фудбалерот преку поранешниот сопруг, Макси Лопез. Тие биле блиски пријатели, но и колеги од репрезентацијата на Аргентина. Таа во еден момент од својот брак со Лопез, со кого има и три деца, му фрлила око на Мауро и така почнало сè.
Набрзо се развел и од госпоѓа Лопез станала госпоѓа Икарди, а потоа го заработила епитетот „најозлогласената прељубничка на планетава“ и до ден денес се нема ослободено од него.