Доколку сакате да ги наполните батериите, прочитајте повеќе за овој луксузен етно комплекс
Брзиот живот што секојдневно го водиме, обврските кои се стремиме одговорно да ги завршиме, па и алармот кој наутро не’ буди, понекогаш прават да се чувствуваме заробени во едно досадно секојдневие што психофизички не’ исцрпува. Во тие мигови помислуваме: „Камо да можев да побегнам на некое мирно место, изолирано во тишина и спокој…“
Доколку сакате да ги наполните батериите и барем на викенд да се опуштите од секојдневните грижи, прочитајте повеќе за луксузениот комплекс „Етно Лукс“ кој располага со сопствена сауна, традиционална руска бања и џакузи под отворено небо.
Местото се наоѓа во село Црвулево на 400 метри надморска височина. Комплексот е целосно изолиран во природа и тишина. Покрај него поминува поточе кое со својот шум уште повеќе го разубавува престојот и уживањето.
Етно комплексот нуди сместување со вклучен појадок, како и термин во руската бања. Aпартманите се опремени со тоалети и бањи, целосно опремени кујни. Четири од нив имаат и камин печка, одделни спални соби, ТВ, Wi-Fi и дневен престој.
Одморот понекогаш не е задоволство, туку неопходност. Затоа, резервирајте го идното патување и барем на момент заборавете на светот околу вас!