Покрај добро познатиот вкус кој освежува во топлите денови, црешите имаат уште една функција која ќе им се допадне на многумина – можат да помогнат и при слабеење.
Благодарение на влакната, водата и пектинот со кои се богати, ова овошје е одлично за подолго чувство на ситост, што автоматски значи помалку потрошени калории – и губење на вишокот килограми.
Освен тоа, црешите позитивно делуваат и на намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта! Новото истражување ни носи откритие дека црешите се одлична состојка во борбата против воспалението на мускулите и општо разните воспаленија во телото, како артритис и слични болести.
Сепак, најдобриот начин да ги искористите црешите е да направите напиток кој според многумина топи килограми и сало кога се консумира со урамнотежена исхрана.
Поврзани објави
Состојки:
- 100 гр цреши
- 1 банана
- 1 грст спанаќ
- ½ сок од лимон
- 300 мл козјо млеко или јогурт
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во блендер додека сè не се соедини. Пијте го за појадок или како ужина и гледајте како вишокот килограми се топат!