Пејачката Марија Шерифовиќ во емисијата „Амиџи шоу“ проговори за сурогат мајчинството.
Марија Шерифовиќ крена прашина во регионалната јавност кон крајот на минатата година, кога се дозна дека со помош на сурогат-мајка станала мајка на момченце кое го крсти Марио. Во емисијата пејачката зборуваше за наследникот, но и за сурогат-мајчинството, што е сосема нормално и прифатено во Америка.
Шерифовиќ на самиот почеток откри како се справува во улогата на мајка.
Одлично, би рекла! Можеби е подобро јас да не зборувам за тоа, туку сите овие луѓе околу мене и овие силни мајки. Супер ми е, супер ми е! Имам една фотографија од Лос Анџелес, Марио има можеби 70 часа, лежам на грб, скрстени ми се рацете, гледам во него и ја слушам Констракта „И што ќе правиме сега?!“ (се смее). Сите шеги на страна, навистина уживам во секој ден, во секоја секунда и секогаш ми недостига, тоа го знаат мајките“, вели таа.
Поврзани објави
Интересно е што додека Марија не објавила дека има син, никој не знаел на каков чекор се одлучила.
Зошто некој да знае?! Тоа е чисто лична работа, од многу интимна природа. Размислував дали воопшто има потреба да кажам нешто некому, што некого би интересирало, но тогаш веројатно би било уште полудо ако ме видат со дете кое има три или шест години, да ми каже : „Мамо“. Сакав да почекам се да заврши, се да биде како што треба, што би рекле бабите, жив и здрав. Потоа го објавивме тоа.
Сурогат мајчинството предизвика бројни полемики и контроверзи на овие простори, минатата година.
Во Америка сум од 2014 година, тоа тогаш не беше актуелно. Немаме доволно време да разговараме за ова подетално, да раскажам се, можеби некому ќе му помогне, многу веројатно ќе му помогне. Сè што правев, го правев по совет на најдобрите доктори во САД во тој момент. Во моето единствено интервју реков, по некои неуспешни обиди, единственото решение беше тоа – рече Марија.