Не помина ниту еден месец откако се врати од аџилак, а пејачот веќе започна нова хуманитарна кампања…
Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана Баровиќ ја основале Фондацијата „Семејство“, а потоа Никола тргнал на својот прв хуманитарен подвиг, аџилак во манастирот Свети Нектариј во Егина. За време на неговото пешачење до манастирот, кое траеше еден месец, на сметката на Фондацијата беа уплатени 42 милиони динари. Сите пари се наменети за детските онколошки одделенија во Белград и Ниш.
Ниту еден месец не помина откако Никола се врати од Грција, а тој веќе започна нова хуманитарна акција. Имено, пејачот ги ставил на аукција патиките во кои пешачел од храмот на Свети Сава во Белград до Егина во Грција.
Додека завршуваме со документацијата и набавката на сите потребни апарати за кои собравме средства, ни претстои уште една акција! Овој пат правиме хуманитарни наддавања, за детска радост! Аукцијата ќе трае 7 дена кога ќе го објавиме победникот, кому лично ќе му го доделиме овој необичен „трофеј“ од патувањето. Почетната цена е 1.120 евра“ – напиша Никола на својот Инстаграм профил.
Само два дена по отворањето на аукцијата, Роквиќ се пофали дека патиките веќе достигнале цена од 3.000 евра.
Поврзани објави
Ги повикувам сите поединци, фирми, мои пријатели да се приклучат и да продолжат да наддаваат и со тоа да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна“ – рече Никола и потсети дека наддавањето трае уште пет дена.
Фото: Инстаграм