Почетна Убавина и здравјеЕве што ја советувал психолог! – Убавина и здравје

Еве што ја советувал психолог! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Староста може да им биде товар на младите, особено на оние кои немаат чувство за одговорност

„Имам 67 години и живеам сама. Побарав од децата да се доселам кај нив, но ме одбија. Не знам како да живеам понатаму…“, оваа жена ја споделила својата исповед на социјалните мрежи.

По оваа исповед, почнал да пристигнуваат и други слични:

„Имам 68 години и живеам сама. Сопругот одамна е починат. Продолжив да работам, бидејќи тоа е единственото нешто што ме спасува од досадата. Последниве години живеам како робот, ништо не ме радува!“

„Немам хобија, не ни барам, престара сум за тоа. Му понудив на синот да се доселат во мојот стан кој е поголем од нивниот, но снаата беше против. Очигледно не сака да живее под ист покрив со свекрвата!“

Еве што им советуваат психолозите на ваквите лица:

„Немањето хобија и што е уште полошо, немањето желба да се пронајдат нови хобија, може да биде знак на депресија. Па така, не би било лошо постарите лица да се консултираат со невролог, психолог или психотерапевт“, порачала консултантскиот психолог Арина Липкина.

Поврзани објави

Експертката е сигурна дека во денешниот современ свет, 67-годишните лица не би требало да се чувствуваат старо. А во оваа ситуација не е проблем тоа што децата не сакаат да ги примат мајката или таткото кај себе. Едноставно, возрасните потомци си го ценат личниот простор во којшто си ја создале удобноста што им е потребна.

„Оваа жена би требало да се ослободи од фантазијата дека најдобро ќе биде да живее со децата. На крајот на краиштата, постои и друг начин – самата да си го исполни својот живот. Доволно е малку подобро да погледне околу себе и да види што има интересно во своето опкружување. Можете да посетите настани што се одржуваат во близина, да видите места до кои не сте можеле да стигнете претходно. Ви треба ново социјално искуство“, тврди психологот.

Многу полошо е кога човек ќе се затвори во кругот на едноставните интереси како што се: „гледај телевизија, оди до продавница…“ Тесниот круг на обврски прави секој ден да изгледа како претходниот, а во овој случај, постојаното чувство на осаменост добива идеална почва за развој.

Денес, можностите за луѓето на која било возраст се многу пошироки и глупаво е да не се искористи тоа. Некој повторно стапува во брак на стари години, а некој наоѓа сосема ново хоби…

Истовремено, голема одговорност лежи на помладата генерација. На децата и на внуците им преостанува да направат сѐ што е потребно нивната сакана личност да не изгуби интерес за животот дури ни во староста.

„Не им се јавувам, чекам децата да се сетат на мене, се чувствувам напуштено како куче“: Исповед на заборавена мајка