Почетна МакедонијаРуски авион го нарушил воздушниот простор на Шведска

Руски авион го нарушил воздушниот простор на Шведска

од nenad
1 минути читај за




Руски воен авион вчера накратко го нарушил шведскиот воздушен простор источно од балтичкиот остров Готланд и бил пресретнат од шведски борбени авиони, соопшти денеска шведската војска. Во соопштението се наведува дека рускиот воен авион СУ-24 во петокот прво бил предупреден дека навлегол во шведскиот воздушен простор, но не реагирал, по што бил пресретнат од два шведски ловци Грипен.

„Руските акции не се прифатливи и претставуваат повреда на нашиот територијален интегритет“, изјави шефот на шведските воздухопловни сили, Јонас Викман, пренесе Ројтерс.